Во одлична атмосфера помина и третиот ден од Спортските игри Велес. Се одиграа многу натпревари на терените во Градски парк каде спортистите си ги измерија силите и освоија поени. Многубројната публика уживаше во натпревари во баскет, фудбал, одбојка на песок, тенис, а се дружеше и во катчето за опуштање и релаксација со вкусна храна и пијалоци.

Натпреварите продолжуваат и вечерва. Ве очекуваме!