Уште едно успешно издание на Велешки спортски игри заврши викендов во Велес. Градскиот парк беше центарот на спектакуларни атрактивни натпревари во фудбал, баскет, одбојка и тенис со извонредна игра на спортистите. До последен момент ги следеа и бодреа бројните посетители на спортските терени.

Општина Велес упатува голема благодарност до сите учесници на петтото јубилејно издание на Велешки игри, честитки до најдобрите во сите спортови и секако, до верната публика која со големо внимание ги следеше сите натпревари.  Особено голема благодарност упатува до организаторот на настанот Спортско здружение Спортски игри и до сите волонтери, поддржувачи и спонзори, угостители и јавни претпријатија кои неуморно работеа во реализација на најмасовните спортски настани во Велес.