Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ го одбележа својот јубилеј, 80 години од своето постоење и 120 години од раѓањето на патронот. Во изминатите осум децении музичкото училиште беше ризница на генерации талентирани музичари, педагозии уметници кои со својата работа оставиле траен белег во земјава и пошироко. Училиштето и во иднина останува посветено на музиката, образованието и културниот развој на градот.

По повод јубилејот музичкото училиште одржа свечен концерт на сцената на театарот „Ј.Х.К. Џинот“  на кој настапија училишниот хор и оркестар со дела на патронот Стефан Гајдов.

Во чест на јубилејот, денеска, 08 јуни, ќе се одржи уште еден свечен концерт на кој ќе настапат ученици кои веќе завршиле во музичкото училиште и го продолжиле своето музичко образование  и постигнале значителни резултати, но и понатаму го промовираат училиштето надвор од градот.

Општина Велес упатува искрени честитки за јубилејот и посакува музичкото училиште да остане храм на уметноста и креативноста од кој ќе излегуваат врвни уметници кои ќе го чуваат и негуваат богатото македонско културно наследство.