Во организација на Локалниот младински совет на Општина Велес, денес беше одржан работен состанок помеѓу членовите на ЛМС Велес и Службеникот за млади во Општина Велес со донесувачите на одлуки на локално ниво, односно градоначалникот на Општина Велес, раководителката на Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на градоначалникот, раководителката на Одделението за јавни дејности и претставници на советничките групи во Советот на Општина Велес.
Работниот состанок беше организиран по повод една година од верификацијата на мандатите на членовите на актуелниот состав на Локалниот младински совет на Општина Велес (мандат 2025 – 2027), а со цел да бидат претставени 12 иницијативи кои беа подготвени како дел од активностите на ЛМС Велес и кои ќе бидат поднесени до Советот на Општина Велес, односно градоначалникот на Општина Велес.
Со цел подобро запознавање на присутните со работењето на ЛМС Велес, а конкретно со подготвените 12 иницијативи, притоа почитувајќи ги приниципите на отвореност, јавност и транспарентност, членовите на ЛМС Велес детално ги објаснија и претставија иницијативите пред присутните, а на крајот од состанокот беше отворен простор за дискусија, односно можност за поставување на прашања во врска со истите.









