Караванот „Силно светнал ден“ доаѓа во Велес. Вечерва во паркот пред  Општина Велес ќе се случи музичко сценски спекаткл, кој преку музика, глума и танц на македонски уметници ќе нé потсети на изминатите 35 години, од моментот на осамостојувањето на Македонија, на најзначајните настани од поновата историја на земјата, на сите предизвици, успеси и достигнувања што го одбележаа овој период и се врежаа во колективната меморија.

Граѓаните на Велес ќе имаат можност да го проследат настапот на околу 80 пејачи, актери и танчери, а приказната ќе ја раскажува неповторливиот Игор Џамбазов.

Караванот по повод 8 Септември – Денот на независноста започна од Охрид и патува низ 11 градови во Македонија.

Ве очекуваме во паркот пред Општина Велес, вечерва во 20:30 часот, заедно да бидеме дел од ова големо музичко-сценско доживување.