КАРАВАНОТ СО МУЗИЧКО СЦЕНСКИ СПЕКТАКЛ „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ ВЕЧЕРВА ВО ВЕЛЕС
Караванот „Силно светнал ден“ доаѓа во Велес. Вечерва во паркот пред Општина Велес ќе се случи музичко сценски спекаткл, кој преку музика, глума и танц на македонски уметници ќе нé потсети на изминатите 35 години, од моментот на осамостојувањето на Македонија, на најзначајните настани од поновата историја на земјата, на сите предизвици, успеси и достигнувања…


