Велешки кајакар меѓу најдобрите во Европа. Младиот кајакар Благој Гугинов, член на ККК Арка – Борец постигна исклучителен успех на Европското првенство за јуниори во кајак на диви води во Грандтули, Шкотска. Во конкуренција од 19 европски земји, Благој обезбеди пласман во големото финале, вбројувајќи се меѓу најдобрите 15 и го освои деветтото место во Европа, со што го оствари најдобриот резултат на македонскиот кајак на европските првенства.

Постигнатиот успех на европското првенство на Гугинов денеска му го честита и градоначалникот Марко Колев кој истакна дека Велес се гордее со вакви млади спортисти кои со труд и дисциплина гпостигнуваат врвни резултати.

Општина Велес ќе го поддржи Благој за неговиот настап на следниот Европски куп за јуниори и сениори во Австрија, каде повторно ќе ги брани боите на Македонија.