Општина Велес се приклучува кон Европската недела на мобилност – иницијатива што нè потсетува дека начинот на кој се движиме има големо значење за квалитетот на животот во нашиот град.
Во текот на оваа недела, во период од 16 до 22 Септември, ќе промовираме пешачење, велосипедизам, едукативни средби, се’ со цел да придонесеме за почист воздух, побезбедни улици и поздрава животна средина.
Проследете ја агендата и придружете ни се во активностите.
“Изберете движење. Изберете здравје. Изберете одржлива иднина.”



