Интензивно се работи на реконструкција на влезот на село Мамутчево. По завршувањето на земјените работи и поставувањето на рабниците, денеска се постила првиот слој асфалт на коловозот, со што оваа значајна градежна инвестиција влегува во својата завршна фаза.
Реконструкцијата на влезот на село Мамутчево се реализира со финансиски средства што Општина Велес ги обезбеди преку Владата и Министерството за транспорт.