ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ
Согласно член 14 од Одлуката за авто-такси превоз на патници во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес бр.18/2009 и 6/2012) утврдена е тарифата за авто-такси превоз на патници во Општина Велес и истата изнесува:

  • 40 денари – почеток на превозот и превоз до 1 километар;
  • 25 денари – секој нареден изминат километар;
  • 5 денари – чекање во траење од 1 минута;

При контрола на терен од страна на надлежен орган на Општина Велес, утврдено е дека дел од такси превозниците самостојно ја измениле тарифата, односно ги покачиле цените на авто-такси услугата, без притоа да бидат почитувани законските процедури.

Такси превозот се наплатува врз основа на износот утврден со таксиметарот, а секој превозник е должен во возилото над таксиметарот да го истакне ценовникот со утврдените тарифи за чинење на превозот.

Општина Велес ги известува граѓаните при користење на такси услугата задолжително да бараат фискална сметка за наплата на превозот, врз основа на која ќе биде пресметана цената на превозот согласно утврдената тарифа од Одлуката за авто-такси превоз на патници во Општина Велес.