Општина Велес започна процес на подготовка на Стратегијата за локален економски развој за периодот 2027–2031 година, со цел да се утврдат приоритетите, потребите и можностите за одржлив економски развој на општината во наредните пет години.

Процесот се спроведува на отворен и транспарентен начин, со активно вклучување на сите релевантни засегнати страни и граѓани, чии ставови, искуства и предлози се важен придонес во креирањето на локалните развојни политики.

Покрај директните консултативни средби со претставници на бизнис-секторот, граѓанските организации, месните заедници, жените од руралните средини, младите и другите релевантни групи, Општина Велес отвора можност за пошироко граѓанско учество преку јавен прашалник за локалниот економски развој.

Прашалникот е наменет за сите граѓани кои сакаат да ги споделат своите мислења, потреби, предлози и идеи за унапредување на локалната економија, подобрување на деловното опкружување, отворање нови можности за вработување и создавање подобри услови за живот и работа во Општина Велес.

Со пополнување на прашалникот, граѓаните директно придонесуваат во процесот на идентификување на развојните потенцијали, предизвиците и приоритетите што треба да бидат земени предвид при подготовката на Стратегијата.

Ве молиме преземето го прашалникот од следниот линк.

Начин на доставување: По пополнувањето, прашалникот испратете го на електронската адреса marija.alceva@veles.gov.mk –  претседател на работна група за изработка на Стратегијата за локален економски развој на Општина Велес за периодот 2027–2031 година, или доставете го на пријавница, директно во просториите на Општина Велес.