Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22, 03/25),
Градоначалникот на Општина Велес донесе:
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За Планската програма на Генерален урбанистички план за град Велес , кој се носи согласно член 33 став 4 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ бр. 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина е согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Како засегнати органи од имплементација на ГУП град Велес се определуваат следниве: Општина Велес, Министерство за животна срeдина и просторно планирање и Министерство за транспорт и врски.
- Изработката, донесувањето на планската програма за ГУП за град Велес ќе има влијаније врз животната средина.
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземни и површински води, влијание врз почва, влијание по однос на генерирање на отпад, влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух и влијание од несреќи и хаварии.
- Одлуката заедно со формуларот за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.
- Со изработка на планските документи ќе се овозможат услови со позитивни ефекти со својата функција врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот. Со донесување на ГУП за град Велес ќе се создаваат услови за урбанизација, развој и напредок на населените места.
- Против оваа Oдлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.


