Општина Велес објавува Јавен Повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на Општина Велес, а врз основа на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштита на животната средина во 2024год.под арх.бр.25-4068/16 од 18.10.2024год  Согласно планот за јавни работи за 2024 година изготвен од страна на надлежните служби, Општина Велес има потреба од 10 лица за извршување на јавни работи во времетраење од 1 месец.

Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од типот на чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба.

Општина Велес преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а овие активности се од интерес на целата локална заедница.

Право на учество на јавниот повик имаат лицата кои ги исполнуваат следните услови:

-корисници на гарантирана минимална помош

-невработени лица

-жители на територијата на Општина Велес

Временскиот период за ангажман на ангажираните лица ќе биде со времетраење од 1 месец, сметано од денот на потпишување на договорот, а месечниот надоместок ќе изнесува 15.000,оо денари за секое ангажирано лице.

Потребните документи:

-Барање (од архива на општина Велес)

-Фотокопија од лична карта

-Потврда (дека лицето е корисник на социјална помош или невработено лице),

-фотокопија од трансакциона сметка

Погоре наведените документи кандидатите треба да ги достават во Архива на Општина Велес, секој работен ден од 13.11.2024год до 18.11.2024год. во период од 07:30 часот до 15:30 часот.

Изборот на пријавените кандидати ќе го спроведува соодветна Комисија формирана со Решение од страна на Градоначалникот на Општина Велес.


Јавен повик