Општина Велес со апел до граѓаните кои гравитираат по улицата „Ѓорѓи Димитров“ да го почитуваат поставениот сообраќаен знак и да возат внимателно поради рушење на ѕид од камен кој се наоѓа над станбен објект со куќен број 43 со излез на улица „Вера Циривири“. Ѕидот со должина од околу 3,5 метри и висина од околу 4 метри, кој го држи трупот на улицата „Ѓорѓи Димитров“ се срушил ноќта спрема 24 декември 2024 година и тоа позади куќата и дворот на посочениот објект.
Додека не се создадат услови за реконструкција на стариот ѕид, потребно е да се вози крајно внимателно.