Почитувани,
Општина Велес Ве известува дека од понеделник, 29 март 2021 година, ќе се асфалтира улицата „Васа Кошулчева“ – кракот под „Тргошпед“. Заради непречено изведување на градежните работи Ве замолуваме да не ги паркирате Вашите автомобили на улицата, бидејќи во текот на работата ќе се користи и градежна механизација од различен вид со која ќе се изведуваат работите.
Градежните зафати ќе траат околу 20 денови.
Во тој период Ве молиме да имате разбирање и да покажете трпеливост за присутноста на градежната механизација, бучава, прашина и сл.