Општина Велес има потреба од работник за засновање на работен однос на определено време за следното работно место:
1.Назив на работно место – Самостоен референт-техничар за ИКТ, шифра УПР 01 01 Г01 000 – 1 извршител.
Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за информатичка технологија.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови
- да е државјанин на РСМ,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, Вишо или средно гиманзиско или стручно образование, вишо, средно гимназиско или средно стручно образовани (техничка струка).
- најмалку три години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30 часот
- Опис за работното време со почеток помеѓу 07:30 – 08:00 часот и завршување на работното време помеѓу 15:30 до 16:00 часот
- Паричен нето износ на плата: 26.182,00 денари
Кандидатите кон Пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:
– Биографија (CV)
– Диплома за завршено образование, оригинал или заверен препис
– Уверение за Државјанство на РСМ, оригинал или заверен препис
– Доказ дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
– Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место,
– Доказ за работното искуство
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време (до истекот на одобреното отсуство на отсутниот вработен, а најдолго две години).
Јавниот огласот трае 3 работни дена од денот на објавувањето во дневен печат, не сметајќи го денот на објавување во дневен печат.
Изборот по јавниот оглас ќе се изврши во рок определен со член 23 од Законот за работните однос.
Пријавата за вработување може да се преземе од веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес ул. „Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: за „Јавен Оглас за засновање на работен однос на определено време“
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок ќе се сметаат како неблаговремени и истите нема да се разгледуваат.
За Општина Велес, тел.контакт 043-232 406