Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3 и став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20) и член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“бр. 62/05…..120/18 и „Службен весник на РСМ“бр. 110/19….288/21), Градоначалникот на Општина Велес објавува

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС

ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

ВО ТЕРИТОРИЈАЛНА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

 

 

 

Територијална противпожарна единица на Општина Велес заради привремено зголемен обем на работа има потреба од вработување/засновање на работен однос на определено време на 3 (тројца) извршители за следното работно место:

 

 

  1. 1. Пожарникар спасител, ниво В4, шифра ПОЖ 02 10 В04 000 – 3 (тројца) извршители,

 

-општи услови:

-кандидатот да е државјанин на РСМ,

-да е полнолетен,

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да има општа здравствена способност за работно место,

-со правосилна судска пресуда  да не му изречена казна забрана на вршење  на професија,

 

-општи работни компетенции на основно ниво:

учење  и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа  и ориентираност кон засегнати страни.

 

  -посебни услови:

-стручни квалификации: ниво на квалификации lV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или  МКСОО или најмалку  вишо или средно образование.

-работно искуство: за нивото В4 со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на РСМ како работен стаж.

 

-распоред на работно време: дневно работно време-работа  во две смени од 07 часот до 19 часот и од 19 часот до 07 часот.

 

-паричен нето износ на плата: 27.793,00 денари

Кандидатите кон Пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:

– Биографија (CV),

– Диплома  за завршено образование, оригинал  или заверен  препис,

– Уверение за Државјанство на РСМ, оригинал  или заверен  препис,

-Доказ дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,

-Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место,

– Доказ за работното искуство

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време, почнувајќи од 01.01.2024 година, додека трае потребата на институцијата, а најдолго една година.

Јавниот огласот трае 3 работни дена од денот на објавувањето во дневен печат, не сметајќи го денот на објавување во дневен печат.

Изборот по јавниот оглас ќе се изврши во рок определен со член 23 од Законот за работните однос.

Пријавата за враборување може да се преземе од веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk

Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес  ул. „Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: „За јавен оглас за засновање на работен однос на определено време за пожарникар спасител “

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок ќе се сметаат како неблаговремени и истите нема да се разгледуваат.

 

За Општина  Велес, тел.контакт 043-232 406