Во рамки на манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА 2025“, Општина Велес организира Базар на производи од рачна изработка, што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври. По тој повод, се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, кои сакаат  да ги изложат своите ракотворби, да достават барање за тезга во Граѓански сервис центар во Општина Велес, најдоцна до 25 септември. Правните лица, со барањето треба да достават и копија од тековна состојба, а физичките лица и копија од лична карта. Тезгите ќе бидат поставени на улица „Благој Ѓорев“, кај влезот на Гимназија „Кочо Рацин“.

Ве очекуваме, бидете дел од најмасовната манифестација од забавен карактер ПИТИЈАДА 2025!