Почитувани,

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна  дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, и Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2021 година, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност

Општина Велес ја известува јавноста дека,  прво авионско третирање против комарци ќе се спроведе на ден 10.05.2021 (понеделник), во периодот од 05:00 до 06:30 часот. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, активноста се одложува за наредниот ден 11.05.2021 (вторник).

Границата на третирањето е: езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна  и с. Горно Караслари.

На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар езеро Младост со непосредната околина.

По спроведена постапка за извршување на овие активности избран е операторот Друштво за авио услуги  ДООЕЛ „Бониер“, а надзорот го врши ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Велес.

Третманот се врши со средство Ciceron 2.0 ulv, производ од BioGenesis, Belgrad Srbija,  се разредува со растително масло.

Се известуваат граѓаните, да ги покријат автомобилите или да ги измијат по спроведувањето на третирањето. Избор на средството е поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите.

Одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-110/2 од 07.03.2017 година и измена на решение број 19-188/1 од  7.02.2020 година.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 

Со почит,
Општина Велес