Стотици дечиња и годинава ќе бидат дел од Бадниковата поворка која ќе го најави Христовото раѓање. Пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“ ќе го исполнат градот со празнична атмосфера и ќе не потсетат на значењето на овој голем христијански празник.

Утре, вторник, Бадниковата поворка ќе тргне од црквата „Св. Кирил и Методиј“во 10:45 часот, ќе се движи по улицата „Благој Ѓорев“ до кружниот тек и ќе се упати кон зградата на Општина Велес. Во општинската зграда, бадникарчињата ќе ги пречека градоначалникот Марко Колев кој ќе им ја честита Новата година и престојните празници и ќе им подели божиќни пакетчиња.

Нека е за многу години!+