Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-2887/1 од 19.06.2023 год.,
Подносител на барањето:
Друштво за производство и трговија “ТОМПАНСА-САМ” ДООЕЛ увоз-извоз Велес за инсталација за интензивно свињарство, со капацитет од 30 места за маторици и 180 товеници до 100 кг.
Адреса:
ул.Васил Ѓоргов бр.4, Велес,
Локација на инсталацијата:
на КП 15281 КО Велес, Општина Велес
м.в Тодоровски бавчи
Контакт лице:
Сашко Иванов –сопственик/управител на инсталацијата,
тел: 078/446-186
Категорија на инсталација:
Точка 6. Подточка 6.6. Инсталација за интензивно свињарство со капацитет oд:
(б) 100 до 2.000 места за гоење свињи (над 30 кг);
Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk
За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина, секој работен ден од 08.00-15.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Марко Колев