Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА

Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22, 03/25), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-1586/8 од 19.06.2025 год.

 

Подносител на барањето:

–              Друштво за вработување на инвалидни лица за трговија на големо и мало ТРГОШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Велес,

Адреса:

ул. “ AСНОМ” бр.10 Велес

 

Контакт лице:

Охридиа Јовева-Управител

Тел.076/213-335

 

За инсталација:

–              Друштво за вработување на инвалидни лица за трговија на големо и мало ТРГОШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Велес Подружница ТРГОШПЕД за преработка на неметални руди Велес за инсталација за производство на мелен талк со проектиран капацитет од 5000 т/год.

 

–              Локација на инсталацијата:

ул.”Раштански пат” бр.4 Велес

 

Категорија на инсталација:

Точка 3. Индустрија на минерали

3.2. Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини

 

Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk.

 

За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина, секој работен ден од 08.00-15.00 часот.


Барање
Објава на барање
Формулар за забелешки