Општина Велес ги повикува сите заинтересирани православни христијани да земат учество на чинот на фаќање на светиот крст што ќе се одржи во петок на големиот верски празник Богојавление Водици. Граѓаните можат да се пријават во просториите на Повардарска епархија, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Чинот на фрлање на светиот крст е на Мало мовче со почеток во 11.00 часот. Пред самиот чин ќе се одржи божествена литургија со која ќе чиноначелствува Митрополит повардарски Г. Агатангел.