Почитувани сограѓани, православни верници

Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање.

Божиќ е најголемиот и најрадосниот христијански празник, празник на светлината, надежта и спасението. Христовото раѓање е голем и светол настан за човековиот род, поттик за надеж и верба во животот, љубов и радост во секој наш дом.

Посакувам празничните денови да ги поминете во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето. Во сечиј дом да донесат топлина и благосостојба. Да веруваме и да се надеваме на подобро утре.

На сите граѓани им посакувам добро здравје, радост и среќа во текот на целата година со традиционалниот христијански поздрав – „Христос се роди“.

Нека е честит и благословен големиот христијански празник, Божиќ.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Марко Колев