ПОГОЛЕМА ВКЛУЧЕНОСТ НА ЛИЦАТА ОД РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Претставници на Министерството за труд и социјална политика, денес присуствуваа на работен состанок со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на којшто разговараа околу утврдувањето на улогата, можностите и потенцијалите за вклучување на општината во остварување и заштита на правата на лицата со попреченост. Министерството за труд и социјална политика веќе ја спроведува Националната стратегија…

Отворена изложбата „Божествен премин” од Новица Трајковски

Во ликовниот салон во Велес, во текот на вчерашниот ден беше отворена изложба на слики на ликовниот уметник Новица Трајковски од Општина Илинден, насловена „Божествен премин”, која градоначалникот Коцевски ја прогласи за отворена. „На триесет дела, масло на платно се претставени сцени од убавините на македонските стари градби и неимарството на нашите стари мајстори, кои…

Потпишан договорот за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа и општините од Вардарскиот регион

Денес во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се одржа осмата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион на која присуствуваа градоначалниците на општините во Вардарскиот регион како основачи на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз…

Одржана втората вонредна седница на Советот на Општина Велес

Во текот на вчерашниот ден беше одржана вонредна седница на Советот на која присустуваа сите институции и претпријатија надлежни за справување со зачестените пожари на подрачјата на општина Велес и Чашка. На седницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Чашка. Беа донесени следниве заклучоци: ➡️ Потребно е доопремување на ТППЕ Велес . Се задолжува општина Велес да…

Стартува собирањето на комунален отпад во населеното место Клуковец

Од утре 03.09.2019 година, во населеното место Клуковец за прв пат се воведува услуга организирано собирање на комуналниот отпад од домаќинствата.ЈКП „Дервен“ два пати неделно – во вторник и петок, во претпладневните часови ќе врши собирање и транспортирање на комуналниот отпад по системот “од врата до врата”. Завршено е евидентирањето на корисниците и нивно информирање…

Езеро „Младост“ во знакот на кајакот на мирни води

Езерото „Младост“ оваа недела беше местото каде љубителите на кајакарскиот спорт уживаа во натпреварите на Државното првенство во кајак на мирни води а воедно и ревијалните трки од регатата „Младост“,чиј покровител е Општина Велес. Велешкото езеро, според познавачите на кајакарството, е едно од ретките места во државата кое има голем потенцијал за развој на оваа…

Игнатов најдобар на денешниот кајак слалом на диви води

И овој викенд во водите на Вардар се одржа кајак натпреварување кое е под покровителство на Кајакарската федерација. Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес како домаќин по 7 –ми пат го организираше Кајак слаломот на диви води Отворено првенство на Македонија „Велес 2019“ 🚣‍♀ 🎖Со резултат од 79, 26 секунди Христијан Игнатов постигна најдобро време на денешниот…

Промовирани делата на велешките автори

Промоција на творештвото и издаваштвото на членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, денес се одржа во градската библиотека „Гоце Делчев”.Во рамките на денешниот настан кој е поддржан од Општина Велес се промовираа сите дела кои клубот ги има издадено во последните пет години, а беше претсавено и творештвото на членовите на…

39 Седница на советот- мерки за ревитализација на површините крај езерото Младост

На 39-та седница, Советот на Општина Велес усвои иницијатива за преземање активности за ревитализација на опожарениот дел од локалитетот Езеро Младост. Покрај извештајот за целокупната состојба, мерките предвидуваат подготовка на акционен план за расчистување на теренот и пошумување, формирање на координативно тело со учество на Општина Велес, територијалната противпожарна единица, подружницата на Шумско стопанство “Бабуна“,…

Д-р Ненад Коциќ избран за претседател на Советот на Општина Велес

На 39 седница одржана на 29 август годинава, Советот на Општина Велес за нов претседател го избра д-р Ненад Коциќ од Советничката група на СДСМ. Д-р Ненад Коциќ е специјалист за интерна медицина и сопственик на приватна здравствена установа. На локално, национално и меѓународно ниво е познат како граѓански активист во ЕД „Вила зора“ и…