Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите просветни работници, ученици и на сите граѓани на Велес Ви го честитам 24 мај, Денот на сесловеснките просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Писменоста на еден народ е најголемата и најважната придобивка на цивилизацијата. Првиот чекор во описменување на словенските народи во деветиот век го направија токму тие, браќата Кирил и Методиј, создавајќи ја првата азбука-глаголицата, од која подоцна нивните следбеници особено Климент  Охридски, ја создава кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

Благодарение на нивното извонредно просветителско дело, денес го имаме најголемото духовно богатсво на еден народ, јазикот и идентитетот. Нивната мисија ги обедини народите со различни култури, истовремено почитувајќи ги различните културни вредности, традиции и особености.

Просветителската мисија на браќата Кирил и Методиј денес ја продолжуваат просветните работници пренесувајќи ја писменоста на сегашни и идни генерации.

Нека е вечно името на светите браќа Кирил и Методиј, а  ние да продолжиме и во иднина да го чествуваме мивното безвременско и епохално дело и да ги зачуваме од заборав.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски