Почитувани хуманитарни работнички и работници,
Во име на Советот на Општина Велес, во име на сите жители на општината и во свое лично име, ви гo честитам 19 август, Светскиот ден на хуманитарните работници.
Велес е докажан хуман град. Добрите дела можат да му помогнат на светот да преживее. Апелирам хуманоста да стане дел од нашето секојдневие и ги повикувам младите да ги негуваат овие највисоки човечки вредности. Секоја акција доведува до промена. Продолжете да го менувате животот, да инспирирате со своите хумани постапки и да им помагате на луѓето секој ден.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски