Почитувани припадници на бошњачката етничка заедница

 

Во името на Советот на Општина Велес, во името на сите граѓанки и граѓани на Велес и во свое лично име Ви го честитам 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.

Општина Велес продолжува да ја негува традицијата на градење на соживот со различните етнички заедници кои се нераскинлив дел од општеството.

Таквиот пристап на почитување на различните културни, верски и идентитетски карактеристики претставува богатство на секое современо општество кое безрезервно ги вклучува сите етнички заедници во општествените процеси.

Со голема благодарност за придонесот на бошњачката заедница за одржливиот развој на Општина Велес и негувањето на различните култури, Ви го го честитам 28 Септември, со желби за добро здравје, успех и благосостојба.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски