Почитувани сограѓанки и сограѓани,

 

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам Септември, Денот на независноста и Ви посакувам добро здравје и личен успех на сите полиња.

На овој ден, годинава, се навршуваат 30 години од историскиот 8 септември 1991 година, кога на референдум покажавме демократска зрелост и одлучност и го трасиравме патот на нашата светла иднина. Го остваривме вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Македонија.

Во изминативе 30 години како нација доживеавме моменти на славење но и на разочарувања. Но, и покрај сите пречки и предизвици пред кои бевме исправени, успеавме да останеме свои на своето, достоинствени и истрајни на патот на праведноста.

Без да запреме и потклекнеме да продолжиме посветено да ја градиме Македонија во уште попросперитетна и демократска држава, отворена кон светот. Да ја градиме како економски силна и напредна, во духот на европските вредности. Тоа можеме да го постигнеме само со единство, сплотеност, меѓусебно почитување и негување на традицијата и вистинските вреднсти.

Нека ни е честит Денот на независноста

 

Со почит

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски