Почитувани сограѓани,

 

Во името на Советот на Општина Велес и во мое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на човековите права.

Слободата и правата на човекот се основните постулати на секое демократско општество. Загарантирани со Устав, овие права се еднакви за сите граѓани без разлика на раса, боја на кожа, пол, јазик религија, социјален статус, политичко убедување. Секој човек има право на слобода на движење, слобода на изразување и мислење. Секој човек има право на образование и право на здравствена и социјална заштита.

На 10 декември 1948 во генералното собрание на Обединетите нации е усвоена Универзалната декларација  за човекови права и таа е камен темелник на универзалните вредности и стандарди за заштита и почитување на човековите права.

Ве охрабрувам достоинствено да ги браните своите права не дозволувајќи никој да ги обезвреднува и девалвира.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Марко Колев