Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламска вероисповед
Во името на Советот на Општина Велес, од името на сите жители на Општина Велес и од мое лично име, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам.
Овој празник е еден од најголемите празници во исламската религија, симбол на духовноста и најголемите човечки вредности во историјата, хуманоста, сочувството, емпатијата, сплотеноста и љубовта.
Празниците не учат да си простуваме, да си помагаме и да го јакнеме соживотот, не потсетуваат на традицијата, обичаите и различностите кои се најголема вредност на секое општество.
Посакувам вербата да не води по вистинскиот пат, заеднички да градиме поубава иднина во нашиот град, со меѓусебна почит, слога и разбирање.
Овие празнични денови нека Ви поминат во добро здравје, со добра мисла, толеранција и благосостојба.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски