Општина Велес упатува честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. На овој историски датум се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење кои водени од праведни идеали и принципи ја започнаа борбата за слободна и самостојна држава. Се поклонуваме на сите знајни и незнајни борци кои без никаква помош од надвор, храбро и пожртвувано се бореа за да ја извојуваат долгопосакуваната слобода.
Идеалите на македонската револуционерна организација и на македонските револуционери остануваат да ни бидат вечен мотив во сите сегашни и идни борби и желби да ја зачуваме слободата и независноста, достојно да ги совладаме сите препреки на патот на развојот и напредокот на нашата единствена татковина.
Нека е честит и вековит Денот на македонската револуционерна борба!


