Почитувани крводарители,
Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството.
Сите Вие хумани граѓани – крводарители со Вашата несебична помош во спасувањето на човечки животи ја изразувате својата хуманост, а истовремено придонесувате во подигнувањето на колективната и индивидуалната свест за значењето на дарувањето крв, како највисок чин на хуманост.
Вие сте вистински модерни херои, а Вашиот придонес останува клучна алатка во спасувањето животи на локално, национално и светско ниво.
Соработката на Општина Велес со Општинската организација на Црвениот крст е долгогодишна и е на високо ниво, па затоа да продолжиме да бидеме позитивен и препознатлив пример на град кој многу пати обезбедил најголем број крвни единици во државата, благодарение на организираните крводарителски акции од страна на Општинската организација на Црвениот крст во Велес, а пред сè благодарение на хуманиот гест на бројните велешанки и велешани – крводарители кои несебично и континуирано даруваат крв.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски