Во рамки на тетатарскиот фестивал на комедија „5РЕ“ , се одигра претставата за деца „Црвенкапа“ на Театар за деца и младинци. Најмладите имаа можност да ја проследат омилената приказна за Црвенкапа а возрасните се потсетија на доживувањата од детството.

Собраните средства од претставата се наменети за хумани цели, ќе бидат донирани на нашиот сограѓанин Александар Планојевиќ.

Фестивалот „5РЕ’ продолжува во четврток, 27 март, со претставата на велешкиот театар „Вечера за глупаци“.