По повод 5 декември, меѓународниот Ден на волонтерството, Младинскиот центар од Велес, во соработка со Локалниот младински совет на Општина Велес, а со поддршка на Европска куќа, Велес, организираа настан за млади „Велес волонтира: Работилница за активизам и заедничка акција”.

На настанот присуствуваа ученици од општинските основни и средни училишта, претставници на училишните заедници, претставници на Младински центар Велес и на Локалниот младински совет на Општина Велес,  а истиот се одржа во просториите на Европска куќа, Велес. За придобивките од волонтирањето и значењето на волонтеризмот за локалната заедница, пред присутните говореа Службеникот за млади во Општина Велес и претстваникот на Европска куќа, Велес, а членовите на Локалниот младински совет и Младинскиот центар говореа за нивниот волонтерски ангажман во досегашното работење на истите. Настанот се заокружи со работилница за волонтерство со присутните, кои споделија свои волонтерски искуства и претставија идеи за волонтерско работење со можност истите да бидат додадени во годишната Програма за работа на Локалниот младински совет или на Младински центар за претстојната 2026 година.