Општина Велес со апел до граѓаните, внимателно да се движат во шумите, да не фрлаат шишиња и друига стаклена амбалажа и отпад, да не палат оган на отворено и да не фрлаат отпушоци на отворен простор. Целата територија на државата е во портокалова фаза поради екстремно високите температури и опасност од пожари. Се апелира граѓаните да се воздржат од палење на стрништа и совесно да се однесуваат кон природата за да ја заштитиме од пожари.
Секоја појава на пожар да се пријави во Територијалната противпожарна единица, јавното претпријатие „Македонски шуми“, во полиција, во локалната самоуправа и во Дирекцијата за заштита и спасување.
На територијата на Општина Велес вчера имаше два активни пожари, во атарот на селата Црквино и Оризари. Според информациите од ТППЕ Велес, пожарот во село Оризари е локализиран, но сè уште е активен пожарот во село Црквино. Пожарникарите се на терен и го држат под контрола.
Во двата пожари гореше трева и нискостеблеста шума. Во гаснење и локализирање на пожарите вчера беше вклучен и хеликоптер.