Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр.12/06, 03/09, 18/10, 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на 21- та седница на

Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден  29.09.2022 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 09:00 часот.

 -Усвојување на Записник од 20-та седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес за 2022 година.
  2. Предлог-одлука за давање на управување секундарни водоводни линии 2, 4, 7 и 8 за водоснабдување на населба Речани,Општина Велес на ЈКП „Дервен“ Велес.
  3. Предлог-одлука за прифаќање на донација од ПИ „КРИСТАЛ 1923“ АД Велес.
  4. Предлог-одлука за прифаќање на донација на проектна документација од БРАКО ДОО Велес.
  5. Предлог-одлука за прифаќање на донација поставување на урбана опрема – летниковец, локација езеро Младост од „Лајонс Клуб Велес“ сервисна невладина волонтерска организација.
  6. Предлог-програма за изменување и дополнување на Оперативната програма за реконструкција и подигање на нови зелени површини на територијата на Општина Велес за 2022 година.
  7. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Оризари в.г.р. за КП бр.140/17.
  8. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Велес за КП бр.12590.
  9. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Велес за КП бр.10731.
  10. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Башино село за КП бр.1534.
  11. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници во општински линиски превоз од страна на превозник Пан Промет ДООЕЛ (Долни дуќани-Автобуска станица-Превалец и обратно.)
  12. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници во општински линиски превоз од страна на превозник Пан Промет ДООЕЛ Велес-Раштани (до нови гробишта)-Велес.
  13. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници воопштински линиски превоз од страна на превозник Пан Промет ДООЕЛ (Автобуска станица-Железничка станица-Автобуска станица).
  14. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници во општински линиски превоз од страна на превозник Ирена Вел ДООЕЛ (с. Башино село-Велес- с. Башино село.)
  15. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници во општински линиски превоз од страна на превозник Ирена Вел ДООЕЛ (с.Чалошево, с. Дурутовец, Трпезица, Велес).
  16. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници во општински линиски превоз од страна на превозник Ирена Вел ДООЕЛ (с. Кумарино-Велес- с. Кумарино.)
  17. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници во општински линиски превоз од страна на превозник Ален 2000 ДООЕЛ.
  18. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници во општински линиски превоз од страна на превозник Нино Турс ДООЕЛ.
  19. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници во општински линиски превоз од страна на превозник Тополка-Трејд ДООЕЛ.
  20. Предлог-решение за утврдување на цена за превезување на патници во општински линиски превоз од страна на превозник Маро Турс ДООЕЛ.
  21. Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес. (пожар)
  22. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за определување почетна цена за издавање на деловен простор под закуп во Спортска сала „Гемиџии“ Велес.
  23. Предлог-решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „Панко Брашнаров“ Велес.
  24. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Велес.

 

 

 

             Претседател на

      Советот на Општина Велес

                                                                                                                      Зоран Љутков с.р.