Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр.12/06, 03/09, 18/10, 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на 23- та седница на

Советот на Општина Велес

 

Седницата ќе се одржи на ден  03.10.2022 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 09:00 часот.

-Усвојување на Записник од 22-та седница на Советот на Општина Велес

 

За седницата го предлагам следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Советнички прашања
  2. Иницијатива за донесување Одлука за изработка на Физибилити студија со цел основање на ЈП за производство и продажба на електрична енергија.
  3. Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2022 година.
  4. Предлог-одлука за доделување на награда за најстудент „Професор д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2022 година.
  5. Предлог-одлука за доделување на награда за животно дело „Гемиџии“ за 2022 година.
  6. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект „Рехабилитација на дел од ул.„АСНОМ“ и дел од ул.„Андон Шурков“ и крак од ул.„Андон Шурков“, Општина Велес“.
  7. Предлог-одлука утврдување на приоритет на проект„Реконструкција на дел од ул.„Живко Фирфов“ и дел од ул.„Благој Ѓорев“, Општина Велес“.
  8. Предлог-одлука утврдување на приоритет на проект„Реконструкција на дел од ул.„Лазо Осмаков“, Општина Велес“.
  9. Предлог-одлука утврдување на приоритет на проект„Реконструкција на дел од ул.„Орце Мартинов“, Општина Велес“.
  10. Предлог-одлука утврдување на приоритет на проект„Реконструкција на дел од ул.„Луј Пастер“, Општина Велес“.
  11. Предлог-одлука утврдување на приоритет на проект„Реконструкција на дел од ул.„8-ми Март“, Општина Велес“.
  12. Предлог-одлука утврдување на приоритет на проект„Реконструкција на дел од ул.„Љубљанска“, Општина Велес“.

 

 

                     Претседател на

          Советот на Општина Велес

                                                                                                                      Зоран Љутков с.р.