Ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“ во населба Керамидна во должина од 945 метри. Пред реконструкцијата на улицата старата дотрајана водоводна мрежа ќе биде заменета со нова, потоа  на улицата ќе се постеле нов асфалт а истовремено  ќе се прошири со цел да се добие поголем проток и безбедност во одвивање на сообраќајот. Реконструкцијата ќе опфати и дел од улиците „Љубљанска“ и „8 ми Март“.

Ќе се расчистува и депонијата за градежен шут во населбата со булдожер гасеничар. Општина Велес останува на заложбите депонијата да се дислоцира во најскоро време.