Завршува реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Васил Главинов“. Во тек се последните зафати за целосно ставање во функција на салата на учениците и на спортските клубови. Наскоро започнува реконструкцијата и на трите надворешни терени на училиштетот со што Општина Велес ќе добие уште еден комплетно уреден спортски комплекс.
Општина Велес продолжува со инвестиции во спортот за подобар раст и развој на децата.