Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2024, денеска во ООУ „Васил Главинов“ Велес, се одржа едукативна работилница на тема „Безбедноста во сообраќајот и младите“ со цел запознавање на присутните ученици со правилата на однесувaње во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен и неформален начин за темата разговараа со ученици од училиштето. Учесниците на работилницата разменија мислења и споделија лични искуства поврзани со темата, но и придонесоа со конструктивни идеи и коментари во врска со подобрувањето на сообраќајните решенија во градот и околината.
Тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа спортски реквизити наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта. Донациите ги овозможија Клиничката болница „Жан Митрев”, „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак” и „Виталиа Никола ДОО”.
Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2024 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).
Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие активности.
Детални информации за секој настан можат да се најдат на интернет страницата на Општина Велес.