Во рамки на своите активности, Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво одржа едукативна презентација за дрогата во Големата сала на Општина Велес. На презентацијата беа присутни ученици од основните и средните училишта кои слушнаа што е дрога, какви видови на дрога има, кои се негативните ефекти од нејзиното користењето и последиците што таа ги остава врз психо-физичкото здравје на една личност.
Трибината ја водеше претседателката на Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво, Менче Андреева, а се обратија и психологот Тоше Лучков, и Билјана Ѓакова од Советот за превенција при СВР Велес.
Учениците покажаа голем интерес и активно учествуваа со прашања до стручните лица за тоа како можат да си помогнат и да кажат „не“ на сите видови дрога.
На презентацијата присутни беа и педагошко-психолошките служби во училиштата, социолози и претставници од МВР – СВР Велес, секој од свој стручен агол делеше совети како да се избегне ситуација во која е присутна дрогата и каде да се пријави таков случај.
Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво, преку разни трибини и работилници за одделни целни групи и реализација на бројни проекти врши континуирана едукација и подигање на свеста за девијантните појави кои се сè поприсутни во секојдневието на децата и младите.
.