„Врсничко насилство меѓу младите“ и „Инклузија и конструктивни наративи“ се темите на денешните две работилници што се одржаа во организација на Општина Велес во хотел Гардениа. На работилниците учествуваа ученици од средните училишта и претставници на Локален младински совет. Преку интерактивни вежби и видео презентации, предавачите на работилницата им ја доближија темата на учениците кои активно се вклучија во дебата за решавање на овие појави во секојдневието на младите.
Овие активности се имплементираат во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите нации а имплементиран од страна на Општина Велес и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со УНФПА, УНЕСКО и UN Women.