ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЛАДИ

„Врсничко насилство меѓу младите“ и „Инклузија и конструктивни наративи“ се темите на денешните две работилници што се одржаа во организација на Општина Велес во хотел Гардениа. На работилниците учествуваа ученици од средните училишта и претставници на Локален младински совет. Преку интерактивни вежби и видео презентации, предавачите на работилницата им ја доближија темата на учениците кои…

КОМПЛЕКС УЗУС СО НОВ ЛИК

Се уредува просторот околу зградите во комплекс УЗУС. Градоначалникот Марко Колев заедно со службите изврши увид на подготвителните земјени зафати. Покрај уредувањето на просторот ќе биде променета и подземнтата водоводна и атмосферска инфраструктура. Со оваа инвестиција граѓаните од овој дел на градот ќе добијат модерно и функционално катче опремено со детски реквизити, урбана опрема и…

СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

Започнаа градежните работи за реконструкција на  тротоарите на улиците „Димитар Влахов“ и дел од улица „Илинденска“. Тротоарите се поплочуваат со бехатон плочки. Освен тротоарите ќе се реконструира и коловозот со завршен асфалтен слој. По завршувањето на градежните активности на овој дел ќе се постави и нова заштитна ограда со цветни аранжмани. Општина Велес продолжува со…