Започнаа градежните работи за реконструкција на  тротоарите на улиците „Димитар Влахов“ и дел од улица „Илинденска“. Тротоарите се поплочуваат со бехатон плочки. Освен тротоарите ќе се реконструира и коловозот со завршен асфалтен слој. По завршувањето на градежните активности на овој дел ќе се постави и нова заштитна ограда со цветни аранжмани.

Општина Велес продолжува со реконструкција на локалните патишта и тротоари согласно предвидениот план и програма.