Преку креативно – едукативна работилница со дечињата од ОЈУДГ „Димче Мирчев” започнаа активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2024.
Преку игра, песна и спортски активности, најмладите од градинката подготвија работилница на која пред присутните укажаа на потребата од подигнување на свеста за водење на здрав живот и зачувување на животната средина.
Настанот се одржа во Спортската сала „Гемиџии“ во Велес во соработка со Спортската академија „Јуниор” од Велес.
Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа спортски реквизити наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта. Донациите ги овозможија Клиничката болница „Жан Митрев”, „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак” и „Виталиа Никола ДОО”.
Додека пак партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2024 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЗГ „Велес бајкинг”, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).
Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие активности.
Детални информации за секој настан можат да се најдат на интернет страницата на Општина Велес.