Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“ Скопје, на 07. 08. и 09. мај ќе се одржи акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во повеќе општини во државата.

Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да се формира шума што ќе расте секоја година со секоја ГЕНЕРАЛКА.

Делегацијата на Европска Унија годинава се вклучува во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД со нивната иницијатива „За чисто како дома исто“.

Општина Велес се приклучува на акцијата со организирање на следните активности:

БР. НАСТАН / АКТИВНОСТ ЛОКАЦИЈА ВКЛУЧЕНИ ДАТУМ
1 Акција за собирање

на габаритен отпад

Општина Велес ЈКП „Дервен” 5 (среда),

6 (четврток) и 7 (петок) мај

2 Акција за собирање

на селектиран отпад

ОЈУДГ „Димче Мирчев” ОЈУДГ „Димче Мирчев” 6 (четврток) и 7 (петок) мај
3 Акција за собирање

на селектиран отпад

Општински основни училишта и ПОУ „Маца Овчарова” ООУ и ПОУ „Маца Овчарова” 7 (петок) мај
4 Граѓанска акција за чистење

на јавни површини

од отпад

 

 

Шумски појас кон Сопот

 

 

Вработени во Општина Велес,

ЈКП „Дервен”, граѓански организации и граѓани

 

8 (сабота) мај
5 Акција за чистење на река Вардар од отпад oстровче во река Вардар / Градски парк ЗГ „Македонски спасител” и ЕГ „Грин Пауер“ 8 (сабота) мај
6 Видео обраќање од Градоначалник

кон младите

/ Градоначалник на Општина Велес и млади од НВО од Велес 9 (недела) мај

Централен дел на акцијата е “Чистење на шумскиот појас кон с.Сопот” која ќе се одржи на 8. мај (сабота) со почеток во 09.00 часот, во непосредна близина на велосипедската патека кон Сопот – дел од проектот „СМАРТ Езеро Младост“.

Општина Велес обезбеди организиран превоз.

Автобусите ќе тргнуваат:

– во 08.15 часот на автобуска постојка спроти „ПАН ТАКСИ”;

– во 08.30 часот на ул. „Гоце Делчев” спроти Основен суд.

Зборно место за учесниците кои ќе дојдат со сопствен превоз е раскрсницата кон с. Новачани и с. Сопот, во 09.00 часот.

Носењето маска и држењето дистанца се задолжителни.

Бројот на места во автобусите ќе биде ограничен согласно протоколите за заштита од КОВИД-19.

Општина Велес ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат активно учество со придружување до акцијата или со чистење на нивната непосредна околина.

Вашата акција можете да ја пријавите на: opve@veles.gov.mk

ОПШТИНА ВЕЛЕС