Во организација на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев, денеска се одбележа годишнината од раѓањето на нашиот сограѓанин, професор д-р Георги Шоптрајанов. По тој повод, пред присутните почитувачи на ликот и делото на Шоптрајанов, свој настап имаа ученици од основното општинско училиште „Васил Главинов“.
Георги Шоптрајанов е македонски филолог, универзитетски професор и културно-просветен деец. Тој е еден од најголемите македонски франкофони и прв Македонец доктор по лингвистички и литературни науки. Шоптрајанов бил добар пример како големите македонски интелектуалци остануваат во служба на својата татковина.
Општина Велес во соработка со локалната библиотека со гордост го чествува творештвото на Проф. д-р Георги Шоптрајанов и неговиот голем придонес во развојот на македонската франкофонија.