Се реконструира и партерно се уредува училишниот двор на општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Градежните работи ги изведува фирмата „Пескара Вел“ со средства на училиштето во висина од околу 2.200.000 денари. Со нов лик училишниот двор треба да биде до крајот на годината.
Градоначалникот Марко Колев денеска го посети училиштето и изврши увид на градежните работи.
Во тек е постапка за јавна набавка за реконструкција на помошен парен котел кој исто така треба да се реализира до крајот на годината.
Во тек е постапка за уште еден значаен и голем проект во основното училиште. Ќе се реконструира спорстската сала, предвидено е подот да се замени со самонивелирачка гумена смеса, безбедна од повреди, да се реконструираат санитарните јазли, и да се постави термо фасада. Спортската сала ќе добие квалитетно осветлување и затоплување.За реконструкција на спортската сала се обезбедени средства во висина од околу 183.000 евра преку Министерството за образование и наука. Во скоро време се очекува, избраната фирма на тендер „Делта Пром“, да ги започне градежните работи.