Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните од другите заедници и во свое лично име, на сограѓаните од католичка вероисповед им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден.

На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта, и покрај секојдневната опасност што не демнее од невидливиот непријател Ковид-19, да покажеме истрајност и храброст и непоколебливи да го следиме патот на добрината и светлината. Да покажеме љубов, да подадеме рака, да градиме мир и соживот.

Посакувам овие празнични денови да ги поминете заедно со своето семејство, во добро здравје и благосостојба и сите заедно да градиме живот со взаемно разбирање, почитување и единство.

Со почит,

 

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски